March 12, 2025 | | Свет
Ливерпул ја пропушти шансата за тројна круна оваа сезона, откако синоќа беше елиминиран од Лигата на шампионите уште во осминафиналето. Иако „црвените“ имаа предност од еден гол од првиот натпревар, на „Енфилд“ не успеаја да ја затресат мрежата и по изведувањето на пенали го завршија својот европски пат. За разлика од првиот меч, Ливерпул беше далеку подобар во реваншот, доминираше на теренот и создаде неколку одлични шанси, но не успеа да реализира. Тренерот Арне Слот, и покрај елиминацијата, изјави дека ова бил најдобриот натпревар во кој учествувал. „Ова беше неверојатен меч, најдобар во кој сум учествувал во животот. Игравме совршено, ни недостасуваше само погодок. Слично како минатата недела, кога ПСЖ одигра одлично, но не даде гол“, рече Слот. Холандскиот стратег веќе три децении е дел од фудбалот, прво како играч, а сега како тренер, и има искуство од над 700 натпревари.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |