April 27, 2025 | | Свет
Менаџерот на Ливерпул, Арне Слот, по освојувањето на титулата во Премиер лигата, изрази гордост за тимот, нагласувајќи дека титулата е заслужена победа на „црвените“. Ливерпул ја обезбеди титулата во англиската Премиер лига по голема победа над Тотенхем со 5:1 на домашен терен во 34. коло. „Се чувствувам одлично. Благодарен сум на Јирген Клоп“, изјави Слот, кој ја презеде менаџерската позиција минатата година, заменувајќи го Клоп. Тој посочи дека Ливерпул не само што заслужил да победи, туку и бил решен да ја освои титулата. „Беше јасно дека не можеме да го изгубиме овој натпревар. Во автобусот сите велевме дека нема шанси да изгубиме. Неверојатно сум горд, не само на играчите, туку и на спортските директори и мојот тренерски штаб. Сите заслужуваат голем аплауз“, додаде Слот. Со оваа победа, Ливерпул ја освои својата 20. титула во историјата на клубот, што значи уште еден голем успех за клубот од „Енфилд“. „Да заборавиме дека ова е втор пат по 35 години, но да речеме дека е втор пат во последните пет години“, заврши Слот со насмевка.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |