January 5, 2025 | | Свет
Вечното дерби во англискиот фудбал меѓу Ливерпул и Манчестер Јунајтед ќе се одигра денеска, како што беше предвидено, со старт во 17:30 часот. Снежните врнежи во текот на ноќта предизвикаа загриженост за одржувањето на натпреварот. Сепак, утрово беа организирани два итни состанока во Ливерпул, по кои беше донесена конечна одлука дека дуелот ќе се одигра. Прекинатите врнежи од снег неколку часа претходно овозможија условите да се стабилизираат. „Мечот со Манчестер Јунајтед ќе се одигра според првично утврдениот распоред. Одржавме два состанока за да се осигураме дека патиштата и пристапот до стадионот се безбедни. Изразуваме голема благодарност до сите кои помогнаа ова да биде возможно. Ако планирате да присуствувате на „Енфилд“, ве замолуваме да бидете внимателни. Се гледаме на стадионот“, стои во објавата на социјалните мрежи на Ливерпул.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |