Со еден метод Анчелоти пробал да стави ред, но не му успеало!

November 10, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Со еден метод Анчелоти пробал да стави ред, но не му успеало!

Карло Анчелоти е почитуван од страна на многумина во фудбалскиот свет, но очигледно е дека некои работи дури ни тој не може да ги промени. Тој во тимот има големи имиња и очигледно последниот збор го имаат токму тие. „Новата генерација има голем проблем бидејќи е многу зависна од телефени. Еднаш влегов во соблекувалната и им соопштив на играчите дена од тој момент не смеат да ги користат телефоните. Ме прашаа дали сум сериозен, а јас изгледав доста сериозни. После тренингот дојде капитенот велејќи дека не смеам да го правам тоа“, откри Анчелоти. Потоа Италијанецот им открил дека се шегува, па за наредниот пат ќе мора да смисли нешто ново.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.