Со еден потег Шешко го откри следниот клуб! (ФОТО)

June 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Со еден потег Шешко го откри следниот клуб! (ФОТО)

Словенечкиот напаѓач на РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко, предизвика вистинска трансфер еуфорија откако започна да следи еден клуб на социјалните мрежи. Еден едноставен клик беше доволен за многумина да го протолкуваат како сигнал дека 21-годишниот голгетер е пред преселба во Англија. Станува збор за Арсенал активно бара нов напаѓач летово, а Шешко заедно со Виктор Ѓокереш од Спортинг се сметаат за врвни цели на листата на Микел Артета. Меѓутоа, трансферот сè уште е неизвесен, бидејќи во јавноста кружат спротивставени информации околу пречките во преговорите – некои извори тврдат дека Лајпциг бара високо обештетување, додека други велат дека играчот има високи финансиски барања. Останува да се види дали овој дигитален потег ќе прерасне во реален трансфер или само ќе остане уште една трансфер шпекулација во летниот фудбалски пазар.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.