July 24, 2025 | | Свет
Марк-Андре тер Штеген официјално објави дека оди на операција поради хронични проблеми со грбот, најавувајќи дека ќе биде надвор од терените околу три месеци. Оваа вест предизвика сериозни реакции во Барселона, бидејќи може да ја комплицира стратегијата на клубот за регистрација на нови засилувања. Каталонците летово го донесоа Жоан Гарсија со намера да биде прв избор на голманската позиција, создавајќи тензии со Тер Штеген кој јасно стави до знаење дека нема намера да си замине и ќе се бори за своето место. Ситуацијата дополнително се искомпликува откако се дозна дека операцијата ќе го оддалечи Германецот од терените во следните три месеци – што за Барса значи дека не може да ги искористи правилата за ослободување на 80% од неговата плата за регистрација на нови играчи. Според регулативата на Ла Лига, тоа е можно само ако фудбалерот е отсутен најмалку четири месеци. Клубот во своето официјално соопштение најави дека точната временска рамка за рехабилитација ќе биде позната по операцијата што ќе се изврши следната недела. Она што е важно да се напомене е дека докторите се тие кои одлучуваат колку време ќе отсуствува голманот. Ова е редок случај кога самиот фудбалер кажува колку време ќе биде отсутен, па ова е доказ дека тој навистина е во огромен конфилкт со клубот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |