September 2, 2024 | | Свет
Мбапе вчера го постигна својот прв гол во Ла Лига, а особено беше интересен моментот каде при резултат 1-0, Реал Мадрид доби пенал кој по правило требаше Винисиус да го шутира. Но, Бразилецот беше виден како му сигнализира на Мбапе дека тој може да го изведе пеналот при што Французинот го постигна својот втор гол на натпреварот. Токму за тоа зборуваше и тренерот Анчелоти. „Винисиус беше многу несебичен. Пеналот му го препушти на Мбапе. Нивниот однос е добар“, рече Анчелоти. Претходно кружеа информации дека причина за лошата форма на Мбапе е лошиот однос со Винисиус каде во претходните неколку натпревари на моменти се чинеше како и едниот и другиот се себични, па не сакаа да си ја подаваат топката. Но, очигледно и двете ѕвезди работат на тоа сѐ со цел да не настрада тимот.
🗣️ Vinicius Jr: “Kylian, you take it.” @DAZN_ES pic.twitter.com/4g9q9pBrSg
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 1, 2024
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |