Со една изјава Деко ги реши сите дилеми за иднината на Олмо

December 12, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Со една изјава Деко ги реши сите дилеми за иднината на Олмо

Дани Олмо пристигна во Барселона за време на летниот преоден рок и беше едно од ретките засилувања за каталонскиот клуб оваа сезона. Неговото доаѓање внесе нова енергија и освежување во тимот, но клубот сѐ уште не ја завршил процедурата околу неговата официјална регистрација. Во моментов, Олмо настапува благодарение на повредата на Андреас Кристенсен кој потешко е повреден, па во таква ситуација платата на Олмо е пријавена на местото на стоперот. Барселона мора да најде решение до крајот на месецот за да го регистрира Олмо како официјален член на тимот до крајот на сезонава. Некои медиуми веќе известуваат дека, доколку тоа не се случи, тој ќе може да се ослободи како слободен играч и да побара нов клуб во јануари 2025 година. И покрај тоа, според извори од „Mundo Deportivo“, Дани Олмо размислува единствено за својата иднина во Барселона. Спортскиот директор на клубот, Деко, се огласи кратко, но со јасна порака дека клубот е решен да го задржи и заврши процесот со регистрацијата на фудбалерот. „Да, дефинитивно ќе можеме да го регистрираме, не се грижете. Ова се внатрешни работи, ќе ги средиме. Играчот е мирен“, изјави Деко.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.