Со луди гримаси Пикфорд успеа да го „збрка“ Халанд за да промаши пенал! (ВИДЕО)

December 26, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Со луди гримаси Пикфорд успеа да го „збрка“ Халанд за да промаши пенал! (ВИДЕО)

Манчестер Сити и Евертон одиграа нерешени 1:1 во 18. коло на Премиер лигата, што им донесе по еден бод на двете екипи. Во 51. минута Витали Миколенко направи прекршок врз Савињо, што доведе до пенал за домаќините. Ерлинг Халанд имаше шанса да го претвори во гол, но на голот на Евертон беше Џордан Пикфорд кој го одбрани ударот на Норвежанецот. По одбранетиот пенал, Халанд сепак успеа да погоди, но голот беше поништен поради недозволена позиција. За Манчестер Сити, единствениот погодок го постигна Бернардо Силва, додека за Евертон голот беше дело на Ндиаје. Претходно, Пикфорд се обиде да му ја одземе концентрацијата на Халанд пред пеналот со правење гримаси, што очигледно имаше ефект на напаѓачот на Сити.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.