Со нацистички поздрав навивачи на Реал порачаа: Перез оди си (ВИДЕО)

January 23, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Со нацистички поздрав навивачи на Реал порачаа: Перез оди си (ВИДЕО)

Флорентино Перез, најуспешниот претседател во историјата на Реал Мадрид, неодамна го обнови својот мандат на чело на „кралевите“. Но, изгледа дека не сите навивачи на клубот го делат истото задоволство од неговото продолжено лидерство. Во вечерта кога Реал Мадрид ја запиша убедливата победа над Салцбург со 5:1, дел од фановите на шпанскиот гигант изразија незадоволство. Некои од нив со скандирања повикуваа на заминување на Перез, извикувајќи „Флорентино, заминувај!“. Она што дополнително ги засили реакциите беше контроверзното однесување на дел од групата, кои во близина на стадионот демонстрираа со нацистички поздрав, оставајќи сенка на инаку блескавата победа на тимот.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.