December 19, 2024 | | Свет
Фабио Коентрао, поранешниот лев бек на Реал Мадрид и португалската репрезентација, освои бројни титули и имаше прилично успешна кариера. Со "кралевите" тој освои две титули во Ла Лига и две Лиги на шампиони, одигрувајќи 106 натпревари, каде постигна еден гол и запиша 11 асистенции помеѓу 2011 и 2017 година, кога замина во Спортинг. Сепак, по пензионирањето во 2021 година, кога имаше 33 години, Коентрао тргна по сосема различен пат. Наместо да остане во фудбалот, каде што бил еден од најдобрите, тој се повлече од јавниот живот и започна нова кариера која е далеку од очите на медиумите. Се посвети на рибарството, што, како што вели, била негова долгогодишна желба. Коентрао открива дека страста за рибарството не му е нова. Овој нов животен избор му овозможува да побегне од светлината на фудбалската сцена и да ужива во мирот и природата. Се чини дека за португалецот, животот по фудбалот е целосно различен, но се чувствува исполнето како никогаш досега. „Од кога знам за себе мојот татко имал брод, па така веројатно се родила и мојата желба. Често пати одевме заедно и го засакав таквиот живот. Кога и да имав време, кога и да бев на одмор, одев на море. Знаев дека еден ден кога ќе се простам од фудбалот ќе се живеам таков живот. На море се чувствувам посреќен, животот е полесен“, изјави Коентрао. Тој е сопственик на три брода и има 45 вработени. „Многумина можеби ќе кажат дека ова е срамна работа, но не е така. Ова е работа како и секога друга и треба да се почитува. Освен тоа морето е прекрасно и потребно ни е на сите“, изјави Португалецот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |