Со солзи во очите Суарез го најави крајот на репрезентативната кариера (ВИДЕО)

September 3, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Со солзи во очите Суарез го најави крајот на репрезентативната кариера (ВИДЕО)

Луис Суарез соопшти дека наредниот натпревар против Парагвај во седмото коло од квалификациите за Мундијалот во 2026 година ќе биде последен натпревар за него во дресот на Уругвај. „Тешко ми е да го кажам ова, но тоа ќе биде последен мој настап за Уругвај. Многу размислував и анализирав. Сега е вистинско време. Имам свои причини, но тешко е, многу е тешко. Последниот дуел ќе го одиграм со ист ентузијазам како на првата средба во 2007 година, кога бев 19-годишно момче. Ќе го дадам максимумот, така сум научен. Имам 37 години и тешко дека ќе можев да стигнам до следното Светско првенство“, рече емотивниот Суарез. За Уругвај тој вкупно одигра 142 натпревари каде успеа да постигне 69 голови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.