Соблекувална на Реал се сврте против еден фудбалер

January 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Соблекувална на Реал се сврте против еден фудбалер

По тешкиот пораз на Реал Мадрид против Барселона во шпанскиот Супер Куп, во таборот на „кралевите“ се отвориле и одредени прашања помеѓу играчите. Имено, фудбалерите на Реал Мадрид изразиле незадоволство од играта на Аурелиен Чуамени по поразот од Барселона со 5-2 во финалето на шпанскиот Суперкуп, пренесува новинарот Кортегана. Французинот, кој обично игра како заден играч во средниот ред, беше преместен на позицијата централен дефанзивец покрај Антонио Рудигер. Неговата адаптација беше проблематична, а изведбата против Барса беше очајна кој за својот настап, тој доби оценка 2/10. Во 62. минута доби жолт картон, а само две минути подоцна беше заменет од Лука Модриќ.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.