May 26, 2025 | | Свет
По четири и пол години носење на дресот на Динамо Загреб, Стефан Ристовски ќе се збогува со „Максимир“ ова лето. Македонскиот репрезентативец нема да го продолжи договорот со „модрите“, а клубот веќе ја донел одлуката да не понуди нова соработка. Официјална потврда за разделбата стигна преку социјалните мрежи, каде што неговиот долгогодишен пријател и соиграч Јосип Мишиќ му испрати емотивна порака на Инстаграм. Тие двајца го делеле теренот во три различни клуба — Риека, Спортинг и Динамо. „Брате, 216 натпревари заедно! Трчавме, паѓавме, се боревме… Ти благодарам за секое додавање, секоја смеа, секоја битка. Заминуваш, но трагата останува. Лојалност, срце, братство, тоа си ти,“ напиша Мишиќ, подвлекувајќи ја силната врска со Ристовски. Во дресот на Динамо, Ристовски запиша 185 настапи, постигна 7 голови и подели 19 асистенции. За време на својот престој во Загреб, освои четири шампионски титули, два Купа и два Суперкупа, оставајќи значителна трага во клупската историја.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |