Соиграчите на Палмер се закачија со играчите на Нотингем, тој „уживаше“ (ВИДЕО)

October 7, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Соиграчите на Палмер се закачија со играчите на Нотингем, тој „уживаше“ (ВИДЕО)

Челси не успеа да го победи Нотингем Форест на домашен терен при што резултатот беше 1-1. Гостите играа со играч помалку во последните 20 минути откако втор жолт картон заработи Ворд Праус. Во текот на натпреварот настана голема мешаница во која учествува фудбалери од двата тима, но не и најдобриот играч на Челси, Кол Палмер. Додека неговите соиграчи се туркаа со играчите на Нотингем Форест, Палмер стоеше на страна од мешаницата и во еден момент седна на теренот чекајќи хаосот да заврши. Покрај Палмер, на страна стоеше и Жоао Феликс кој не сакаше да ствара дополнителни конфликти.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.