June 8, 2024 | | Свет
Оле Гунар Солскјер е на прагот да се врати во Премиер лигата, пишува англискиот весник „Sun“. Имено, тој е главниот фаворит за да стане следниот тренер на Лестер кој избори директен пласман во Премиер лигата наредната сезона. Солскјаер е без работа откако помина три години во Манчестер Јунајтед, мандат кој му заврши кон крајот на 2021 година. Покрај поврзувањето со Лестер, Солскјаер неодамна беше поврзуван и со испразнетото менаџерско место во турскиот гигант Бешикташ. Сепак, тие избраа да го назначат поранешниот шеф на Ренџерс, Џовани ван Бронкхорст. Освен што беше тренер на Манчестер Јунајтед, поранешниот напаѓач ги водеше и норвешкиот Молде и велшкиот Кардиф.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |