August 20, 2024 | | Свет
На Барселона очајно му е потребно лево крило, а ако не се случи некое чудо, Нико Вилијамс ќе остане во Атлетик Билбао сезонава, па така Барселона е приморана да бара негова алтернатива. Новинарот Фернардо Поло донесува една интересна вест, а тоа е дека Барселона сака да го потпише Рафаел Леао овој месец и дека клубот сака да донесе едно големо засилување. Наводно, Португалецот би сакал да премине во Барселона а овој новинар тврди дека Милан би барал околу 90 милиони евра, но и дека би бил заинтересиран за да се вклучат и играчи на Барса во целата зделка. Каталонците имаат пари за трансфери и се спремни да дадат, но она што за нив е проблем е ставањето на фудбалерите на платен список каде очигледно во нивната ситуација Ла Лига нема намера да биде флексибилна.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |