Сон на дете од Бразил: Матеус Куња и официјално нов играч на Манчестер Јунајтед

June 12, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сон на дете од Бразил: Матеус Куња и официјално нов играч на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед го официјализираше трансферот на бразилскиот напаѓач Матеус Куња од Вулверхемптон, ставајќи крај на една од најдолго најавуваните зделки на летниот преоден рок. Црвените ѓаволи платија нешто повеќе од 73 милиони евра за 26-годишниот голгетер, кој потпиша договор до јуни 2030 година, со можност за продолжување на уште една сезона. Куња, кој веќе со месеци беше поврзуван со преселба на „Олд Трафорд“, не ја криеше емоцијата по финализирањето на договорот. „Тешко е да се опишат чувствата. Како дете во Бразил, ги гледав натпреварите од Премиер лигата на телевизија кај баба ми и Јунајтед отсекогаш ми беше омилен клуб. Денес го остварив сонот – да го облечам црвениот дрес,“ изјави емотивниот Куња.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.