Сон: Заминувам од Тотнем!

August 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Сон: Заминувам од Тотнем!

Легендата на Тотнем, Хеунг-Мин Сон, на прес-конференција ја соопшти одлуката дека летово ќе го напушти клубот по речиси една деценија помината во северен Лондон. „Пред да ја почнеме прес-конференцијата, сакам да кажам дека одлучив да го напуштам клубот ова лето. Клубот ми помага со оваа одлука“, изјави корејската ѕвезда, додавајќи дека ова била „најтешката одлука во неговата кариера“. Сон се приклучи на Тотнем во 2015 година од Баер Леверкузен и во следните десет години стана еден од најдобрите играчи во историјата на клубот. „Потребна ми е нова средина. Потребна ми е промена, 10 години е долго време. Дојдов во северен Лондон како дете од 24 години, заминувам како горд маж“, истакна тој, изразувајќи благодарност до навивачите за нивната поддршка. Според информациите, следна дестинација на Сон најверојатно ќе биде МЛС, каде што е во преговори со Лос Анџелес ФК, иако понуди има и од Саудиска Арабија.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.