September 8, 2024 | | Свет
Ханси Флик добро ја започна кариерата во Барселона, но сезоната е долга и се очекуваат издигнувања и падежи. И летово Барса имаше проблеми со регистрација на играчите, па Флик мораше да ги користи играчите кои ги имаше на располагање, а единствено ѕвездено засилување беше Дани Олмо. Флик има желба да донесе двајца сонародници кои би пристигнале бесплатно поради тоа што наредното лето ќе бидат слободни агенти. Едниот играч е Џошуа Кимих кој има проблеми во преговорите за нов договор со Баерн Минхен, а интересно е што Кимих нема агент, па така тој лично преговара со секој клуб. Тој беше еден од милениците на Флик додека тој беше селектор на Германија, па ваквата ситуација би можела да биде во полза на Барселона. Другиот играч е Џонатан Та кој отворено рече дека нема да го продолжи договорот, а во игра за негов потпис се Барселона и Баерн Минхен. Летото Леверкузен бараше околу 30 милиони евра за него, сума која двата клуба не беа спремни да ја платат.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |