Состојбата на Мбапе полоша од очекуваното: Со денови не излегол од соба

June 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Состојбата на Мбапе полоша од очекуваното: Со денови не излегол од соба

Килијан Мбапе се соочува со сериозни здравствени проблеми кои би можеле да имаат подолгорочни последици по неговата физичка форма. Клубот денеска потврди дека францускиот напаѓач е хоспитализиран во САД поради акутен гастроентеритис, а според шпанската Марка, неговата состојба е далеку од лесна. Мбапе го пропушти натпреварот против Ал Хилал на Светското клупско првенство и оттогаш е под постојан медицински надзор. Инфекцијата е вирусна, придружена со висока температура, повраќање и тешкотии со варењето, што го остави целосно исцрпен. Најзагрижувачки е фактот што веќе четири дена е во изолација, без сила за каква било физичка активност. Извори блиски до клубот пренесуваат дека единствената храна што успеал да ја внесе се неколку парчиња овошје, а самиот Мбапе признал дека никогаш не се чувствувал физички и ментално послабо. Настапот на Мбапе на наредните мечеви против Пачука и РБ Салцбург сега е под сериозен знак прашалник.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.