January 22, 2025 | | Свет
И во втората вечер од седмото коло во Лигата на шампионите бевме сведоци на нова сензација - Манчестер Сити испушти предност од два гола против ПСЖ и на крај си замина дома со четири гола во мрежата.Во дербито на претпоследното коло, тимот на Пеп Гвардиола прокоцка водство од два гола и од Париз си замина со пораз од 4-2 (0-0). Со овие три бода, Пари Сен Жермен се искачи во плејоф-зоната и речиси обезбеди место во нокаут фазата. Сити, пак, падна на 25. место со само осум бода и ќе мора да го победи Бриж во последното коло за да остане во игра. Мечот понуди две сосема различни полувремиња – првото беше здодевно и сиромашно со шанси, додека второто донесе вистинска драма. Од првите 45 минути вреди да се споменат само шансите на Фабио Руиз и Савињо, по кои Едерсон и Донарума блескаа со одлични одбрани. Возбудата започна во второто полувреме, кога резервистот Џек Грилиш постигна гол за водство од 0-1 веднаш по влегувањето во игра. Само три минути подоцна, Халанд зголеми на 0-2, што изгледаше како совршен почеток за „граѓаните“. Но, Пари Сен Жермен брзо ја презеде иницијативата. Дембеле во 56. минута го намали резултатот на 1-2, а Баркола веднаш потоа израмни на 2-2. Дембеле имаше можност за целосен пресврт, но неговиот удар заврши во пречката. „Светците“ почувствуваа дека Сити е во криза и уште посилно нападнаа. Во 78. минута, Невес го доведе ПСЖ во водство од 3-2, асистиран од Витиња, а конечните 4-2 ги постави Гонзало Рамос длабоко во судиското надополнување. За Манчестер Сити, овој резултат значи дека нивниот опстанок во елитното натпреварување зависи од последниот натпревар, додека Париз сега е на чекор поблиску до нокаут фазата.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |