April 13, 2025 | | Свет
Атлетик Билбао направи нов важен чекор кон Лигата на шампионите, совладувајќи го Рајо Валјекано со 3-1 на „Сан Мамес“. Иако гостите од Мадрид водеа со 0-1 на полувреме, домашниот тим одигра одличен втор дел и успеа целосно да го сврти резултатот во своја корист. Израмнувањето стигна во 58. минута кога Санцет беше прецизен од белата точка. Во продолжението, Нико Вилијамс ги воодушеви навивачите со прекрасен погодок, вистински еврогол кој донесе водство за Билбао. Како што се ближеше крајот, гостите се обидоа да се вратат, но оставија многу простор зад себе – што Атлетик умешно го искористи. Санцет повторно се најде во вистинскиот момент и во 93. минута ги постави конечните 3-1. Со оваа победа, Баските продолжуваат сигурно да го чуваат четвртото место и да сонуваат за настап во Лигата на шампионите следната сезона.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |