Спортинг ја одбрани титулата во Португалија без Рубен Аморим

May 17, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Спортинг ја одбрани титулата во Португалија без Рубен Аморим

Спортинг Лисабон е старо новиот шампион на Португалија. Тимот од Лисабон ја освои титулата во последното коло, победувајќи ја Виторија Гимараеш со 2-0 и така ја одбрани круната во португалското првенство. Иако влегоа во последното коло со ист број бодови како Бенфика, Спортинг ја заврши работата сигурно, а дополнително им помогна и ремито на Бенфика против Брага. Интересен е фактот што тренерот Руи Боржес, кој ја донесе титулата, дојде во клубот среде сезона и тоа токму од Виторија, денешниот противник. Головите ги постигнаа Гонсалвес и Ѓекереш во второто полувреме. Ова е трета титула за Спортинг во последните пет години, по долгата пауза од 19 сезони без шампионски трофеј.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.