Спортинг Лисабон ја одреди цената за Ѓокереш

March 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Спортинг Лисабон ја одреди цената за Ѓокереш

Шведскиот напаѓач Виктор Ѓокереш ќе биде едно од најжешките имиња во летниот преоден рок, а раководството на Спортинг веќе ја утврдило неговата откупна цена. Според последните информации, португалскиот клуб бара 65 милиони евра за неговиот трансфер, но таа сума може дополнително да се зголеми во зависност од интересот што го покажуваат клубовите. Досега, Ѓокереш се поврзуваше со неколку европски гиганти, меѓу кои се Пари Сен Жермен, Арсенал и Баерн Минхен. Оваа сезона, напаѓачот е во фантастична форма, постигнувајќи 37 голови во сите натпреварувања за Спортинг. Тој пристигна од Ковентри за 20 милиони евра, но неговиот договор со португалскиот клуб е валиден до 2028 година, па Спортинг не чувствува притисок да брза со продажбата. Својата кариера ја започна во Бромапојкарна во Шведска, а потоа се пресели во Брајтон во Англија. Сепак, не доби голема шанса во првиот тим и замина на позајмица во Санкт Паули, Свонси и Ковентри. Токму во Ковентри го привлече вниманието со одличните настапи.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.