Спортинг мисли дека Ѓокереш нема да ја освои Премиер лигата со Арсенал

July 25, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Спортинг мисли дека Ѓокереш нема да ја освои Премиер лигата со Арсенал

Виктор Ѓокереш е пред трансфер во Арсенал, но Спортинг и „топчиите“ долго преговарале за структурата на бонусите. Наместо бонуси поврзани со титули во Премиерлигата или Лигата на шампиони, како што барал Арсенал, Спортинг ги врзал дополнителните 10 милиони евра за индивидуални постигнувања на играчот и пласман во Лигата на шампиони. Според новинарот Бен Џејкобс, за секои 20 настапи од најмалку 45 минути ќе се исплаќаат 1,25 милиони евра (до максимум 5 милиони), за секои 20 голови – по 500.000 евра (до максимум 1 милион), а обезбеден настап во Лигата на шампиони ќе донесе уште 1 милион евра (до максимум 4 милиони). Со ова, бонусите се насочени кон учинокот на Ѓокереш и пласманот на клубот во елитното натпреварување, а не кон освојување титули.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.