Срамно: Безобразни навивачи на Арсенал ги вреѓаа Хаверц и неговата бремена партнерка (ФОТО)

January 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Срамно: Безобразни навивачи на Арсенал ги вреѓаа Хаверц и неговата бремена партнерка (ФОТО)

Манчестер Јунајтед успеа да го елиминира Арсенал во ФА Купот, победувајќи го со 5-3 по изведувањето на пенали, откако мечот заврши 1-1 по регуларното време и продолженијата. Еден од главните виновници за поразот на „топчиите“ беше Каи Хаверц, кој не само што промаши неколку добри шанси, туку изведе и катастрофален пенал. Германецот шутираше очајно и со тоа му овозможи на голманот Бајиндир лесно да го одбрани ударот, кој на крајот се покажа како пресуден за победата на Манчестер Јунајтед. По завршувањето на натпреварот, дел од навивачите на Арсенал ја преминаа границата, напаѓајќи ја бремената партнерка на Хаверц со навредливи и непримерни пораки.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.