March 23, 2025 | | Свет
Српската репрезентација обезбеди опстанок во А-дивизијата со победа од 2-0 против Австрија на домашен терен, откако претходно ремизираше во Виена. Австријците имаа подобра игра во првото полувреме, додека Србија во тие 45 минути не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот. Во вториот дел, домаќините заиграа поофанзивно и создадоа неколку прилики, што резултираше со водечки гол во 56. минута, кога Максимовиќ ја искористи грешката на голманот Шлагер. Ситуацијата за Австрија дополнително се влоши во 68. минута, кога Траунер заработи црвен картон и ја остави својата селекција со играч помалку. Конечните 2-0 ги постави Душан Влаховиќ во 91. минута, со што Србија ја потврди својата позиција во елитната конкуренција. Во А-дивизијата останува и Грција, која по поразот од 1-0 на домашен терен против Шкотска, возврати со убедлива победа од 0-3 на гостински терен. Головите за Грците ги постигнаа Констателас, Кератас и Золс.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |