Српски голман скокнал од тераса и се самоубил, бранеше против Македонија во Скопје

March 13, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Српски голман скокнал од тераса и се самоубил, бранеше против Македонија во Скопје

Од Србија пристигна тажна вест – поранешниот голман на Партизан, Радиша Илиќ, трагично си го одзеде животот, скокајќи од тераса, пренесоа српските медиуми. Илиќ беше познат голман, кој двапати го носеше дресот на белградски Партизан, првиот пат од 1998 до 2003, а потоа повторно од 2010 до 2013 година. За тоа време освои пет шампионски титули и два Купа, во периодот кога српскиот фудбал беше обединет со Црна Гора. Кариерата ја започна во Слобода Ужице, а во текот на годините настапуваше и за клубови како Национал Букурешт, ОФК Белград, Борац Чачак и Пансераикос. На репрезентативно ниво, Илиќ одигра еден натпревар за Србија, пријателскиот дуел против Македонија на 6 февруари 2008 година во Скопје, што заврши 1-1. По завршувањето на играчката кариера, тој продолжи како тренер. Беше дел од стручниот штаб на српската репрезентација под водство на Славољуб Муслин и работеше како тренер на голманите во Партизан.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.