July 15, 2025 | | Свет
Црвена Звезда е на чекор до историски трансфер што ќе ја редефинира листата на најскапи фудбалери кои некогаш заминале од белградскиот гигант. Најголемиот српски талент во моментов, Андрија Максимовиќ, е многу блиску до преселба во редовите на РБ Лајпциг за вртоглави 14 милиони евра – трансфер кој, според медиумите во Србија, е практично договорен и чека само официјална потврда. Оваа зделка не само што ќе го направи Максимовиќ најскапиот продаден играч во историјата на поранешниот европски шампион, туку ќе предизвика и поместување на легендарните имиња на табелата на највредни излези од клубот. На удар е дури и Дарко Панчев, македонската фудбалска легенда, кој досега беше на делба на третата позиција според вредноста на неговиот трансфер во Интер во 1992 година. Иако тогашната официјална сума беше пониска, денешната проекција на трансферот е околу 12 милиони евра. За поголема сума од Панчев во историјата на Звезда досега биле продадени само Дејан Станковиќ во Лацио за 12,4 милиони евра (1998) и Горан Друлиќ во Сарагоса за 13 милиони евра (2001). Но, новиот скапоцен дијамант од „Маракана“, само 18-годишниот Максимовиќ, наскоро ќе ги надмине сите. Минатата сезона ја мина на позајмица во Графичар, но неговиот талент веќе се споредува со фудбалски великани – во Србија го нарекуваат „српскиот Меси“.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |