March 1, 2025 | | Свет
Кристал Палас и Престон обезбедија место во четвртфиналето на ФА купот по убедливи победи над Милвол и Барнли. Дербито на јужен Лондон меѓу Кристал Палас и Милвол беше одлучено уште во осмата минута, кога голманот на Милвол, Робертс, заработи директен црвен картон поради груб старт врз напаѓачот Матета. Французинот доби удар во главата, по што беше изнесен на носилки и пренесен во болница. Кристал Палас ја искористи бројчаната предност и поведе во 33. минута по автоголот на Танганга, а Муњоз ја удвои предноста во 40. минута. Иако Милвол намали на 2:1 пред крајот на првото полувреме, не успеа да направи пресврт, а Нкетиа во 82. минута ја запечати победата на домаќините со трет погодок. Во другиот натпревар, Престон доминираше против Барнли и славеше со 3:0. Брејди го отвори резултатот во 31. минута, Осмајиќ зголеми на 2:0 во 44. минута, а конечниот резултат го постави Кин во 73. минута.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |