Статистиката покажува кој играч најмногу придонел за гол во ПЛ!

October 8, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Статистиката покажува кој играч најмногу придонел за гол во ПЛ!

Минатата сезона Фил Фоден беше прогласен за најдобар фудбалер во Премиер лигата каде во вториот дел од сезоната беше клучен за Манчестер Сити во одбрана на титулата. Но, кога станува збор за тоа кој фудбалер најмногу учествувал за голови од почетокот на минатата сезона, овде бројките покажуваат нешто друго. Имено, со 28 голови и 16 асистенции Кол Палмер е играчот со најмногу придонеси за гол, а оваа бројка вкупно изнесува 44 придонеси. Веднаш после него е Халанд со 42 придонеси за гол, следуваат Воткинс, Салах и Сака. Во овој параметар Фоден го зазема дури седмото место, но дефинитивно не е се во головите и асистенциите генерално во фудбалот. На листата е и Николас Џексон кој бепе многу критикуван за неговите игри, како и Хаверц кој стана битна карика во тимот на Арсенал.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.