Стерлинг потпиша за Арсенал: „Најдоброто од мене допрва доаѓа“!

August 31, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Стерлинг потпиша за Арсенал: „Најдоброто од мене допрва доаѓа“!

Челси и Арсенал вчера пред самиот крај на трансфер периодот успеаа да постигнат договор за Рахим Стерлинг со кој Англичанецот сезонава ќе ја помине на позајмица. Стерлинг во Англија играше за големи клубови како Ливерпул, Манчестер Сити, Челси, а сега и големиот Арсенал. Во видеото на социјалните мрежи со кое се потврди неговиот трансфер, Стерлинг рече дека најдоброто од него допрва доаѓа. „Чувството да се приклучам кон Арсенал е неверојатно. Ова е идеалното место за мене. Тимот е млад и многу талентиран. Се надевам дека ќе бидеме сплотени, тоа е нешто кон што се стремам“, изјави Стерлинг. Стерлинг ќе игра за „топчиите“ како позајмен играч, а во договорот не е вклучена опција за откуп.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.