July 20, 2024 | | Свет
Барселона испратила ОФИЦИЈАЛНА понуда за Дани Олмо од 60 милиони евра на адресата на Лајпциг. Информацијата ја пренесе новинарот Џерард Ромеро како и „Mundo Deportivo“. Наводно, на Олмо ќе му биде понуден договор од шест години. Барселона сака да ги донесе и Нико и Дани Олмо, а двајцата имаат откупни клаузули од околу 60 милиони евра, но ќе бидат потребни уште неколку дена за се да биде завршено. Клаузулата на Олмо трае до крајот на викендот, а од наредната недела ќе скокне на 90 милиони евра и ќе биде тешко да се преговара таквата цена. Еден од најдобрите играчи на шпанската репрезентација на Европското првенство е под договор со РБ Лајпциг до крајот на сезоната 2026/27. Тој ја започна кариерата во Барселона, а како тинејџер пристигна во Динамо од клупската академија на Барса.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |