Стигна и потврда: Варан е нов играч на Комо!

July 22, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигна и потврда: Варан е нов играч на Комо!

Комо реши да направи тим полн со фудбалски ѕвезди каде успеаа да го договорат Рафаел Варан. Тренерот Сеск Фабрегас преговараше со Варан неколку недели, а Французинот на крајот реши да стави потпис на двегодишен договор со опција истиот да го продолжи на уште една сезона. Од претходно, Комо успеа да ги ангажира Пепе Реина, Алберто Морено и Андреа Белоти. Наводно, Комо сега е спремен да тргне и по Артур Мело од Јувентус, кој минатата сезона беше на позајмица во Фиорентина.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.