April 21, 2025 | | Свет
Реал Мадрид сè погласно размислува за крај на ерата на Карло Анчелоти и можно назначување на Чаби Алонсо како негов наследник. Фернандо Каро, извршниот директор на Баер Леверкузен, откри дека со актуелниот тренер имаат еден посебен, џентлменски договор во случај на интерес од поранешните клубови на Алонсо. „Ако се појави тим во кој Чаби настапувал како фудбалер, ние сме подготвени да разговараме и нема да му застанеме на патот“, нагласи Каро. Се погласни се гласините дека токму сега е идеалниот миг за Алонсо да направи исчекор напред и да прифати нова, поголема авантура. Договорот со Леверкузен не го врзува во класична смисла, туку му дава слобода во одредени околности, што само ги поттикнува гласините за можен трансфер во Мадрид.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |