July 31, 2024 | | Свет
Барселона е силно заинтересирана за Нико Вилијамс и тие до крај ќе чекаат негов одговор за тоа дали ќе премине во нивниот клуб или пак ќе остане во Билбао.
Ако се прашува тимот од Баскија, тој во никој случај не оди никаде и со последните објави на големо сметаат на него и за наредната сезона.
Имено, Билбао го Нико Вилијамс на делот од веб страната кој е наменет за членовите а може да се види дека напаѓачот во рака држи членска картичка за наредната сезона каде воедно стои пораката „слушај ги сигналите“.
Неговиот лик исто така беше користен за промоција на натпреварот во последното коло каде неговиот тим Билбао ќе игра токму против Барселона што укажува на тоа дека Нико навистина би можел да остане.
Медиумите воедно пишуваа и дека спортскиот директор Деко наводно на Нико му рекол дека нивниот воз само еднаш поминува и дека наредната сезона нема да тргнат по него ако тој реши да остане.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |