Стигнуваат реакции од изјавата на Винисиус: Градоначалникот на Мадрид збесна од Бразилецот!

September 4, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Стигнуваат реакции од изјавата на Винисиус: Градоначалникот на Мадрид збесна од Бразилецот!

Винисиус изјави дека на Шпанија треба да им се одзеде правото да го одржуваат СП 2030 година ако не ја поправат ситуацијата со расизмот во земјата. Но, според Хозе Луис Мартинез Алмеида, градоначалникот на Мадрид изјави дека Бразилецот малку претерал со таквата изјава. „Тој ја доби поддршката од мнозинството Шпанци во својата борба против расизмот, но ние не сме на негова страна кога не нарекува расисти. Барам од него веднаш да се извини за свјата изјава. Тоа што е добар фудбалер, не значи дека смее да прави вакви грешки. Би требало да е воодушевен од тоа што живее во еден од најразноликите градови во светот бидејќи во Мадрид никој не го прашал од каде е, ниту го навредил“, рече Алмеида. Винисиус рече дека иако генерално Шпанците не се расисти, сепак дека има мала група која го предизвикува тоа.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.