June 30, 2025 | | Свет
Христо Стоичков, еден од најгласните и најавторитетни гласови од „златната генерација“ на Барселона, повторно зборува без влакна на јазикот. Овојпат, неговата мета беа современите фудбалери кои се жалат на густите распореди и премногу натпревари – особено со воведувањето на новото проширено Светско клупско првенство. Додека дел од играчите се огласуваат со критики кон календарот што им го „краде“ одморот, Стоичков ги потсети на реалноста. „Се жалат за Светското клупско првенство, ама кога ќе им капнат 20 милиони евра на сметка – тогаш никој не се жали.“ Според него, актуелната генерација заборава што значи вистинска жртва за дресот, а одморот им е приоритет само кога станува збор за медиско внимание, не и кога треба да се преговараат нови договори со нереални цифри. Не е прв што ја отвора оваа тема – Карл-Хајнц Румениге неодамна исто така истакна дека самите играчи го гушат фудбалот барајќи нереални суми, а потоа клубовите, притиснати од финансиските барања, мораат да туркаат дополнителни турнири и турнеи.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |