Стоичков по трагедијата во Кочани: Очите ми се полнат со солзи, Господ нека е со Македонија!

March 18, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Стоичков по трагедијата во Кочани: Очите ми се полнат со солзи, Господ нека е со Македонија!

И покрај разликите и споровите меѓу Македонија и Бугарија, како и со Србија и останатите земји од Балканот и Европа, сочувството кон македонскиот народ по трагедијата во Кочани е огромно. Во страшниот пожар, кој се случи завчера, животите ги загубија 59 млади луѓе, а повеќе од 150 се повредени, од кои дел со тешки повреди се хоспитализирани во болници низ Бугарија. Еден од најдобрите фудбалери на Балканот и на сите времиња, Христо Стоичков, вчера со потресни зборови и се обрати на јавноста, изразувајќи длабоко сочувство поради трагедијата. “Светот може да биде толку убав, но може да биде илјада пати пострашен! Нема ништо пострашно од смртта на младите! Нашите деца кои отидоа да се забавуваат! Очите ми се полнат со солзи кога читам и гледам вести! Господ нека е со Македонија!“, коментира Христо Стоичков. Големо признание заслужуваат Христо Стоичков и фондацијата „Национали 94“, која ја сочинуваат фудбалските херои од славната бугарска генерација на Светското првенство 1994 во САД. Стоичков, заедно со Балаков, Михајлов и останатите легенди, најавија иницијатива за собирање финансиски средства како помош за настраданите.

Нема датум и време за трагедијата. По неа останаа само солзи и неизлечива болка! Ние од Фондацијата „Национали 94“ сакаме да изразиме најискрено сочувство до загинатите во Кочани! Фудбалот нè направи сите пријатели со луѓето од Македонија! И сега е најважниот момент да ги поддржите! Се молиме за повредените! Нека е Господ со нив!“, напишаа хероите на САД’94.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.