Столе Димитриевски ќе замине од ФК Валенсија, но сепак останува во истиот град?!

July 14, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Столе Димитриевски ќе замине од ФК Валенсија, но сепак останува во истиот град?!

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски е сè поблиску до заминување од Валенсија, но изгледно е дека ќе остане во истото фудбалско опкружување – градот Валенсија. Сериозен интерес за неговите услуги покажува локалниот ривал Леванте, кој по враќањето во Ла Лига е во потрага по искусен голман за новата сезона. Во редовите на Леванте, Димитриевски се смета за прво и приоритетно засилување на голманската позиција. Според шпански извори, клубот веќе испратил конкретна понуда до македонскиот чувар на мрежата, но тој сè уште не донел конечна одлука и тактизира со својата иднина. Леванте сака брзо да го затвори ова прашање, но во случај Димитриевски да ја одбие понудата, клубот има подготвено алтернатива – романскиот голман Дину Молдован од Динамо Букурешт.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.