August 6, 2025 | | Свет
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски дефинитивно ќе замине од „Местаља“ и тоа може да се случи и во наредните денови. Шпанските медиуми објавија дека Валенсија активно го нуди Димитриевски на позајмица. Наводно, клубот ги контактирал Селта, Леванте, Елче, како и неколку тимови надвор од Шпанија, со цел да обезбеди нова средина за македонскиот голман. Најсериозен кандидат за негов потпис се издвојува Елче, новиот член на Ла Лига, кој е во потрага по искусен голман за следната сезона. Димитриевски минатото лето пристигна во Валенсија со цел да биде прв голман, но останувањето на Мамардашвили во клубот ја смени ситуацијата. Кога Грузиецот сезонава замина во Ливерпул, Столе се надеваше дека конечно ќе биде прв голман, но наместо тоа, Валенсија го донесе Хулен Агирезабала од Атлетик Билбао, со што Димитриевски повторно остана без место во првиот тим.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |