Столе Димитриевски се враќа во составот на Валенсија

August 1, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Столе Димитриевски се враќа во составот на Валенсија

Добри вести за Валенсија – Столе Димитриевски закрепнува побрзо од очекуваното по повредата на левото рамо, јавуваат шпанските медиуми. Македонскиот репрезентативец извесен период тренираше индивидуално, но веќе денес се очекува да им се приклучи на соиграчите и да конкурира за пријателскиот натпревар против Борусија Менхенгладбах, кој се игра в сабота во Германија. Ова е одлична вест за тренерскиот штаб, бидејќи по заминувањето на Ѓорги Мамардашвили во Ливерпул, Димитриевски е најсериозниот кандидат да биде прва опција меѓу стативите на „Местаља“ во новата сезона. Димитриевски се приклучи на Валенсија минатото лето по одличните настапи за Рајо Ваљекано, а сега ја добива шансата конечно да ја преземе улогата на прв голман на еден од најтрофејните шпански клубови.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.