August 26, 2025 | | Свет
Македонскиот голман Столе Димитриевски се наоѓа пред клучни денови во својата кариера, бидејќи Валенсија јасно стави до знаење дека нема да смета на него во новата сезона. Времето не е сојузник на македонскиот чувар на мрежата – преодниот рок завршува на крајот од месецот, а Димитриевски сè уште нема обезбедено нов ангажман. Во изминатиот период најмногу се споменуваше трансфер во Леванте. Шпанските медиуми дури објавија дека Димитриевски веќе ги договорил личните услови, но преговорите пропаднаа бидејќи клубовите не успеаја да најдат заеднички јазик. Валенсија не ја прифати понудата за позајмица и дополнително инсистираше дел од високата плата на македонскиот голман да биде покриена од „гранатите“, што Леванте не го прифати. Во игра беше и Елче, но тој клуб веќе ангажираше нов голман и дефинитивно ја затвори вратата за Димитриевски. Како најреална опција во моментов останува Селта Виго, кој уште пред извесно време покажа интерес за македонскиот репрезентативец. Сепак, останува неизвесно дали клубот од Галиција ќе успее да постигне договор со Валенсија и да го реализира трансферот пред затворањето на пазарот.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |