Столе ќе стартува против Реал Мадрид

January 2, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Столе ќе стартува против Реал Мадрид

Валенсија, која моментално се наоѓа на претпоследното место на табелата со само 12 освоени бодови, се подготвува за дуелот против Реал Мадрид во рамки на одложениот натпревар од 12. коло во Ла Лига. Натпреварот ќе биде прва официјална средба под водство на новиот тренер Карлос Корберан. Според Mundo Deportivo, тимот работи без својот капитен Хозе Гаја, кој веќе еден месец се соочува со мускулна повреда. Гаја, заедно со Муктар Диакаби, кој исто така не е целосно подготвен, учествуваше само во дел од последниот тренинг. Грузискиот голман Мамардашвили тренираше индивидуално, што сугерира дека македонскиот чувар на мрежата, Столе Димитриевски, може да застане на голот против „кралскиот клуб“. Очекувањата се дека тој ќе се најде во стартниот состав на оваа важна пресметка.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.