July 26, 2024 | | Свет
Голманот Столе Димитриевски се најде во несекојдневен проблем каде иако летово во бесплатен трансфер премина во Валенсија, сепак уште истото лето би можел да замине! Во неговиот договор со Валенсија постои клаузулата која е поврзана со голманот Мамардашвили, во која стои дека Димитриевски ќе биде прв голман во Валенсија и дека Грузиецот ќе биде продаден во овој преоден рок. Засега, Валенсија не успева да го продаде Грузиецот кој имаше фантастично Европско првенство. Столе има клаузула која трае до последниот ден од трансфер периодот се додека Грузиецот не замине од Валенсија а која вели дека Димитриевски може да си замине за три милиони евра. Ситуацијата ја следат Севиља и Виљареал, како и тимови од Саудиска Арабија. Се очекува ситуацијата периодов да стане појасна, а три милиони евра за голман како Димитриевски се чини дека се малку.
Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.
September 13, 2024 |
September 7, 2024 |
September 16, 2024 |