Столе прекрасно пречекан од фановите на Валјекано (ВИДЕО)

April 19, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Столе прекрасно пречекан од фановите на Валјекано (ВИДЕО)

Столе Димитриевски оваа сезона го носи дресот на Валенсија, откако летоска го напушти Рајо Валјекано, клуб во кој мина шест незаборавни години. Попладнево, македонскиот репрезентативец се врати во Мадрид, но овојпат како ривал. Столе беше пречекан со стоечки овации и аплаузи од публиката и поранешните соиграчи, потврдувајќи ја врската што ја создаде со клубот и неговите навивачи. „Многу сум среќен што се вратив на ‘Валјекас’. Чудно е чувството да се вратиш на место што ти беше дом шест години. Тоа е фудбалот. Среќен сум каде што сум сега. Сакам да играм повеќе, работам напорно и го давам најдоброто од себе за да добијам повеќе шанси“, изјави Димитриевски, кој денес повторно беше резерва.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.