Стоперот на Реал обвинет за дистрибуција на детска порнографија

February 11, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Стоперот на Реал обвинет за дистрибуција на детска порнографија

Раул Асенсио, младиот стопер на Реал Мадрид може да се најде во голем проблем. Тој е под истрага за дистрибуција на детска порнографија, и понатаму му се заканува затворска казна од 5 години. Денеска Судот ја одби жалбата на Реал Мадрид и продолжува да го истражува овој случај. Во септември минатата година, Асенсио заедно со уште тројца младинци од Реал Мадрид беше уапсен под сомнение за снимање и дистрибуција на видео со експлицитна содржина, во кое една од девојките имала само 16 години. Неговите адвокати поднесоа жалба со барање обвинението да биде отфрлено, но судот ја отфрли иницијативата, со образложение дека постојат доволно индикации за криминални активности. Поради тоа, процесот против него продолжува, а во најлош случај, му се заканува затворска казна до пет години. На спортски план, Асенсио успеа да го искористи големиот број повреди во дефанзивата на Реал Мадрид, што му овозможи да добие значајна улога во тимот. Неговите одлични настапи не останаа незабележани, па клубот веќе размислува да му понуди подобрени услови во нов договор.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.