Страшен гол на Ентони: Дефинитивно се препороди откако замина од Јунајтед (ВИДЕО)

May 4, 2025 | Kristijan Trajchov | Свет

Страшен гол на Ентони: Дефинитивно се препороди откако замина од Јунајтед (ВИДЕО)

Екипата на Бетис продолжува да се бори за пласман во Лигата на шампионите, откако вечерва приреди возбудлив пресврт на гостувањето кај Еспањол и извојува победа со 1-2.

Главен јунак на „зелено-белите“ беше Бразилецот Антони, кој блесна во последните моменти од натпреварот и со мајсторски погодок во 91. минута го одлучи победникот. Иако Еспањол имаше предност од 1-0 на полувремето и изгледаше како да е на пат кон значајни три бода, Бетис во второто полувреме ја смени сликата на теренот.

Одлучувачкиот момент се случи во самиот финиш, кога Антони, кој пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед во јануари, маестрално шутираше од работ на шеснаесетникот и ја смести топката во спротивниот агол од голот. Публиката остана без здив, а неговите соиграчи едноставно не можеа да поверуваат во убавината и важноста на голот.

Со овој триумф, Бетис останува во трката за место меѓу најдобрите четири, додека фудбалерите на Еспањол ќе жале за пропуштената шанса, особено по водството во првото полувреме.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.