Страшен гол на Олисе, издрибла пет играчи и го седна голманот! (ВИДЕО)

December 11, 2024 | Kristijan Trajchov | Свет

Страшен гол на Олисе, издрибла пет играчи и го седна голманот! (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен лесно го совладаа Шахтар со резултат 5-1 во шестото коло од Лигата на шампионите, а голот на Мајкл Олисе сигурно ќе остане запаметен како еден од најубавите моменти во текот на оваа сезона во најголемото европско натпреварување. Шахтар дојде до водство уште во петтата минута благодарение на Кевин, но потоа Баварците направија целосен пресврт. Конрад Лајмер, Томас Милер, Мајкл Олисе (двапати) и Џамал Мусијала беа стрелците за Баерн. Посебно е впечатлив голот на Олисе постигнат во 90-та минута, кој е чиста поезија. Олисе, при примањето на топката на околу 30 метри од голот, изведе неверојатен слалом низ неколку играчи, вклучувајќи го и голманот Ризник. Овој изведен гол го воодушеви и неговиот соиграч, Конрад Лајмер, кој изјави: „Се чувствував како да поминав низ цел тим. Тоа беше како во Марио Карт, кога добиваш ѕвезда и никој не може да те стигне“, рече Лајмер. Мајкл Олисе, кој ова лето пристигна од Кристал Палас, беше прогласен за играч на натпреварот поради неговите два гола и едната асистенција.

Не е дозволено копирање и користење на содржините без да бидат исполнети
Условите за користење на содржините.